Утрински Весник
Свет

СЗО: Сите одобрени вакцини се ефикасни против сите познати варијанти на коронавирусот

СЗО: Сите одобрени вакцини се ефикасни против сите познати варијанти на коронавирусот

Напредокот против пандемијата на коронавирусот останува „кревок“, но добра вест е дека сите одобрени вакцини дејствуваат против различни варијанти на вирусот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„Во моментов, соочени со постојана закана и нова неизвесност, мора да продолжиме да бидеме будни и да ги преиспитуваме или да избегнуваме меѓународни патувања“, рече Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа, додавајќи дека зголемена мобилност, физичка интеракција и собирање може да доведе до зголемена трансмисија во Европа.

Таканаречената индиска варијанта, позната и како „двоен мутант“, што е можеби и попренослива, сега е идентификувана во најмалку 26 од 53 земји во европскиот регион, рече Клуге за време на неговата неделна прес-конференција.

Но, според АФП, тој рече дека одобрените вакцини се ефикасни против новиот вид.

„Сите варијанти на Ковид-19 што се појавија досега реагираат на достапните одобрени вакцини“, рече Клуге, додавајќи дека сите верзии на Ковид-19 може да се контролираат со истите јавни здравствени и социјални мерки што се користеле досега.

Досега само 23 проценти од луѓето во Европа примиле една доза на вакцина, а само 11 проценти ги примиле двете дози, рече Клуге, предупредувајќи ги граѓаните да продолжат да бидат претпазливи.

„Вакцините можат да бидат светлина на крајот од тунелот, но не можеме да бидеме заслепени од таа светлина“, рече тој.

Можете да прочитате

Македонски лекари херои: Спасуваа животи по нападот во Германија

Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Германија: пет мртви, 205 повредени

Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург