Утрински Весник
Свет

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир
Dik 300x250 mk

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со Ковид-19, кои треба да бидат објавени за три до четири недели.

Комисијата на СЗО ќе се состане следната недела за да ги разгледа записите за ефективноста на лекот произведен од компанијата „Гилд сајенсиз“, пренесува Ројтерс.

Главниот научник на СЗО, Сумја Сваминатан, рече дека се надева оти законодавците и телата што работат на развој на упатства за лекување на Ковид-19 во земјите низ светот, ќе ги земат предвид резултатите од ова истражување.

Соединетите држави издадоа целосно одобрување за употреба на Ремдесивир за третман на пациенти со Ковид-19. Сепак, обемна студија спроведена од СЗО на почетокот на оваа година покажа дека лекот најверојатно немал ефект врз стапката на преживување на хоспитализираните пациенти опфатени со студијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил