Утрински Весник
Свет

СЗО: Превозниците ги зголемија цените за транспорт на сув мраз и медицинска опрема

СЗО: Превозниците ги зголемија цените за транспорт на сув мраз и медицинска опрема

Некои превозници бараат „нечуени“ износи за авиотранспорт на сув мраз и друга медицинска опрема пред празниците, соопшти СЗО.

Сепак, капацитетите треба да се зголемат во 2021 година, кога се очекува да започне вакцинацијата против Ковид-19, рече шефот на одделот за поддршка и логистика при Светската здравствена организација, Пол Молинаро.

Дистрибуцијата на вакцината до земјите со среден и низок приход, што ќе биде потешко да се спроведе, може да се потпре на чартер летовите, изјави Молинаро за „Ројтерс“.

Инфлацијата на цените е се почеста карактеристика на авионскиот транспорт, особено од ноември, рече Молинаро. Тој посочи дека некои компании за транспорт на сув мраз, потребен за ладење на некои лабораториски реагенси, бараат 20 пати поголе надомест од вообичаеното.

Молинаро рече дека различни фактори влијаат на зголемувањето на цените, вклучително и на повисоката вообичаена побарувачка во електронската трговија пред божикните празници, што многу луѓе ќе го поминат во своите домови поради карантинските мерки. Сепак, тој додаде дека постојните капацитети може да се зголемат до јануари.

СЗО се надева дека половина од милијарда дози вакцини против Ковид-19 ќе бидат достапни за дистрибуција според програмата Ковакс во првиот квартал од следната година, рече Молинаро.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година