Утрински Весник
Свет

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Индискиот сој на коронавирус се пренесува 60% побрзо од британскиот, тврдат експертите

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебреизус рече дека има пад на новозаразени со коронавирус во последните седум недели.

Ова е најдолг период на опаѓање на неделно ниво од почетокот на пандемијата.

Гебреизус во Женева изјави дека нивната цел е да се вакцинира најмалку 70 проценти од светската популација до самитот Г7 што ќе се одржи во Германија во 2022 година.

„Потребни ни се 11 милијарди дози вакцини за да ја постигнеме оваа цел“, рече лидерот на СЗО.

Проценувајќи ја моменталната состојба кога станува збор за пандемијата, Гебреизус рече дека бројот на новозаболени е намален во последните седум недели.

„Иако бројот на новозаразени на неделно ниво е најмал од февруари, бројот на смртни случаи не опаѓа толку брзо. Бројот на смртни случаи пријавени минатата недела беше сличен на претходниот. Повеќе од 10.000 луѓе умираат секој ден, рече Гебреизус.

Тој напомена дека падот на бројот на заразени лица е само маска наспроти алармантното зголемување на смртните случаи во многу земји. Според него „ненадејното зголемување во Африка е особено загрижувачко затоа што ова е регион со мал пристап до вакцини“.

Можете да прочитате

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица