Утрински Весник
Свет

СЗО: Опаѓа бројот на заразени со Ковид-19

СЗО: Опаѓа бројот на заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со Ковид-19 и смртни случаи од оваа болест во светот продолжи да опаѓа минатата недела, објави Светската здравствена организација.

Помеѓу 13 и 19 септември, имаше нешто повеќе од 3,6 милиони нови случаи на инфекција и нешто помалку од 60.000 смртни случаи.

„Ова го зголеми кумулативниот број потврдени случаи ширум светот на околу 228 милиони“, изјавија од СЗО.

Голем пад на бројот на случаи имаше во источниот Медитеран и во Југоисточна Азија.

Најмногу нови инфекции има во САД (1.107.644), Индија (211.242), Велика Британија (203.077) и Турција (183.962).

Бројот на смртни случаи во светот во споредба со претходната недела е помал за 7 проценти. Од почетокот на пандемијата, 4,6 милиони луѓе починаа од „Ковид-19“, соопшти СЗО.

Најголем број на нови смртни случаи има во САД (12.896), Русија (5.469), Бразил (3.727) и Мексико (3.689).

Можете да прочитате

Кремљ: Се приспособивме на животот под санкции

Земјите членки од ЕУ го одобрија 18-от пакет санкции кон Русија

Експерт за демографија: „Не можете да ги подмитите луѓето да имаат деца“