Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

СЗО: Не очекуваме мајмунските сипаници да прераснат во пандемија

Img 7972

Главниот експерт на Светската здравствена организација (СЗО) за мајмунски сипаници, Розамунда Луис, денеска изјави дека не очекува над 300 случаи на таа болест, кои се пријавени до денеска, да се претворат во нова пандемија.

Најмногу oд случаите се пријавени во Европа, а не во Централна и Западна Африка, каде што вирусот е ендемичен. Засега нема потврдени смртни случаи.

Сепак, таа призна дека има многу непознати во врска со оваа заразна болест, вклучувајќи го и прашањето како точно се шири болеста и дали прекинот на масовната имунизација против мали сипаници пред неколку децении може да го забрза процесот на пренесување.

Од СЗО истакнуваат дека мајмунските сипаници во моментот претставуваат умерен ризик за јавното здравје на глобално ниво.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот