Утрински Весник
Свет

СЗО мора да им исплати отштета на жртвите на сексуално насилство во Конго, велат истражителите

СЗО мора да им исплати отштета на жртвите на сексуално насилство во Конго, велат истражителите

Жртвите кои биле сексуално злоупотребени од некои вработени во СЗО во Конго, за време на епидемијата на ебола во 2018 година, треба да добијат значителен надомест.

Копретседавачот на Независната комисија, Жилиен Лизанж, кој истражува случаи на злоупотреба, рече дека е од суштинско значење водечкото здравствено тело на Обединетите нации да изготви работен план за обесштетување на жените и девојчињата жртви на злоупотреба.

„ Прашањето за компензација е многу, многу важно. Бебињата се родија, жените беа оставени да се чувствуваат непријатно”, рече таа, пренесува “Гардијан”.

Во извештајот објавен оваа недела, независна комисија утврди дека 21 сторител на злосторства, вклучително и силување, работеле за СЗО.
По силувањето, 29 жени забремениле, а некои подоцна биле принудени да абортираат по наредба на силувачот, се додава во извештајот.

Лизанж и членовите на независната комисија ја повикаа СЗО да направи план за исправување на неправдата кон жртвите кога ќе заврши истрагата. Многу жртви се пожалија дека не добиле никаква помош и дека биле оставени да се справат со „физичките и моралните последици“ од злоупотребата.

Можете да прочитате

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија