Утрински Весник
Свет

СЗО: Имунитет на стадо не може да биде стратегија против короната, тоа не е опција

СЗО: Имунитет на стадо не може да биде стратегија против короната, тоа не е опција
Dik 300x250 mk

Светската здравствена организација (СЗО) смета дека е незамисливо да се дозволи слободно циркулирање на Ковид-19 за да се постигне колективен имунитет.

„Никогаш во историјата на јавното здравство не бил користен имунитет на стадото како стратегија за одговор на епидемија, а уште помалку пандемија. Тоа е научно и етички проблематично“, рече на прес-конференција генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреизус.

„Слободно ослободување на опасен вирус, што не го разбираме целосно, е спротивно на етиката. Тоа не е опција“, вели тој.

„Огромен број на луѓе во повеќето земји се подложни на зараза со вирусот. Серолошките истражувања сугерираат дека помалку од 10 проценти од популацијата е заразена во повеќето земји“, објасни Тедрос Аданом Гебреизус.

Тој исто така додаде дека не се знае доволно за имунитетот на оние кои биле заразени со Ковид-19 и истакна дека некои се заразиле повторно.

„Повеќето луѓе заразени со вирус развиваат имунитет во текот на првите недели, но не знаеме дали станува збор за постојан и силен имунитет или е различен од личност до личност“, додаде тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија