Утрински Весник
Свет

СЗО: До крајот на август делта-сојот ќе стане доминантен во Европа

СЗО: До крајот на август делта-сојот ќе стане доминантен во Европа
Dik 300x250 mk

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, предупреди дека е потребна масовна вакцинација за да се спречи есенскиот бран на епидемијата и предупреди на ризикот од ширење на делта-сојот.

„После 11 недели пад на бројот на новозаболени во Европа, повторно имаме раст како резултат на делта -сојот на вирусот, кој ќе стане доминантен до крајот на август, но за разлика од минатата година имаме ефикасни вакцини и можност да избегнеме понатамошно влошување“, рече Клуге по посетата на еден од центрите за вакцинација во Љубљана, Словенија.

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, предупреди на важноста Словенија да ја забрза вакцинацијата, бидејќи досега две дози примиле нешто малку повеќе од една третина од населението.

Можете да прочитате

Изненадувачки успех на Милеи на изборите за аргентинскиот Конгрес

Трамп: Путин треба да ја заврши војната во Украина, наместо што тестира ракети

Голем напад со дронови на Москва