Утрински Весник
Македонија

СЗО донираше медицинска опрема за Неврологија

СЗО донираше медицинска опрема за Неврологија

Министерот за здравство Венко Филипче од претставничката на Светската здравствена организација во Скопје, Жихан Тавила, прими донација на медицинска опрема за Клиниката за неврологија. СЗО за Клиниката донираше 25 монитори за следење на виталните параметри на пациентите – пулс, притисок, ЕКГ, телесна температура, сатурација и број на респирации. 50 пулс оксиметри и 50 инфрацрвени термометри. Донацијата е во висина од над 2,5 милиони денари.

„ Оваа помош ќе биде од голема поддршка за Клиниката за неврологија. Опремата ќе се користи како за пациентите во ковид ценатрот, така и за пациентите од одделите на Клиниката, станува збор за тешки пацинети кај кои е потребно мониторирање на виталните функции. Светската здравствена организација е наш стратешки партнер, во многу сегменти во здравството, уште повеќе од почетокот на корона пандемијата. д-р Жихан Тавилах и СЗО, сите овие месеци даваат огромна поддршка на нашиот систем за справување со вирусот за што им благодарам“ – рече Филипче.

Тавила упати благодарност на луѓето кои се на првата борбена линија со вирусот, како што ги нарече „нашите херои“ – здравствените работници – кои деноноќно нè чуваат и работат во служба на нашите заедници.

„ Во изминативе 12 месеци се промени текот на историјата, а сè уште не знаеме кога сето ова ќе заврши.Сакам да им честитам на целата влада и на министерот за здравство д-р Филипче за вложувањето на сите можни напори и ресурси (човечки и финансиски), како и за покажаната енергија и добра волја за ставање под контрола на кризата предизвикана од КОВИД-19. Денешнава донација од СЗО е дел од пакетот на поддршка што СЗО оваа година ѝ ја обезбеди на Северна Македонија за зголемување на безбедноста на пациентите и здравствените работници и за подобрување на лекувањето на болните од КОВИД-19“ – рече Тавила.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Спасовски: Мицкоски треба да каже дали продолжуваме кон ЕУ или има алтернатива

Милошоски: СДС и ДУИ со билатералните игри и договорот на Османи ја блокираше Македонија на патот кон ЕУ

Нема крај на пирамидалните шеми: По Конти тука се Грок и Етернал