Утрински Весник
Свет

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот
Dik 300x250 mk

Брзината на пренесување на „Ковид 19“ и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл Рајан.

Тој рече дека властите во Европа мора да го запрат ширењето на епидемијата на коронавирусот пред сезоната на грипот.

„Европа треба многу да стори за да ја стабилизира ситуацијата и да го стави под контрола пренесувањето на вирусот“, рече Рајан, кој по професија е лекар.

Предупреди дека на голем дел од континентот е регистрирано загрижувачко зголемување на бројот на заразени лица.

Епидемиологот на СЗО, Марија ван Керкова, потсети дека се наоѓаме на крајот на септември и сезоната на грип сè уште не е започната. Оттука, предупреди таа, организацијата е загрижена за можноста трендот да продолжи во погрешна насока.

Керкова истакна дека раната хоспитализација и употребата на дексаметазонот спасиле животи.

„Ние сакаме да избегнеме затворање на државно ниво, како што беше случај на почетокот“, додаде Ван Керкова.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот