Утрински Весник
Свет

СЗО: Вакцините не се брзо решение, борбата против коронавирусот продолжува и во 2021 година

СЗО: Вакцините не се брзо решение, борбата против коронавирусот продолжува и во 2021 година

Иако се спроведува имунизација против коронавирусот, 2021 година исто така ќе биде тешка, бидејќи вакцините не се брзо решение, сметаат во Светската здравствена организација (СЗО).

„Мислам дека пред нас е тешка година и ќе мора да покажеме трпеливост и да продолжиме со мерките што се на сила“, рече д-р Марија ван Керкове, лидер на тимот на СЗО за Ковид-19, пренесува „Си-ен-ен“.

Таа верува дека првиот дел од годината ќе биде особено тежок, бидејќи во многу земји луѓето не ги слушаа советите да останат дома за време на празниците.

„Се соочуваме со тежок почеток во 2021 година“, рече Ван Керкове, истакнувајќи дека движењето и однесувањето на луѓето“ за време на Божик и Нова година ќе влијае на првите три месеци од 2021 година за зголемување на преносот, хоспитализациите и смртните случаи.

Таа додаде дека вакцините нема да бидат брзо решение, бидејќи самата имунизација ќе се изведува побавно отколку што би сакале, и дека луѓето сепак ќе мора да носат маски, да одржуваат физичка дистанца и да избегнуваат собири во текот на целата година.

СЗО верува дека САД и другите земји во кои се бележи нов бран на Ковид-19 може да се вратат во нормала, или нешто слично, во текот на летото или есента.

Австралија, Нов Зеланд и некои други земји во Азија и Африка се добри примери и имаат поголем успех во контролирањето на ширењето на вирусот.

„Видовме дека некои земји го победија овој вирус, без вакцинација“, рече Ван Керковe.

СЗО го објаснува тоа со поуспешно и масовно тестирање на вирусот, изолација на болни лица, наоѓање на контакти и ставање во карантин, како и политиката на тие земји да ја истакнуваат работата и купувањето од дома, наведува „Си-ен-ен“.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња