Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

СЗО: Бројот на новозаболени и смртни случаи од Ковид-19 се намалува

СЗО: Бројот на новозаболени и смртни случаи од Ковид-19 се намалува
300x250 opst2

Според официјалните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот од 1 до 7 февруари, бројот на новозаболени со коронавирус се намалил за 17 проценти на глобално ниво, а вкупниот број на смртни случаи во тој период се намалил за 10 проценти.

Во извештајот на СЗО се наведува дека бројот на новозаболени лица во светот се намалува четврта недела по ред, пренесува „Ројтерс“.

Од 1 до 7 февруари, СЗО забележа 3.153.426 нови случаи на коронавирус ширум светот, 17 проценти помалку од претходната недела и 88.369 смртни случаи, 10 проценти помалку отколку во претходните седум дена.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 105.429.382 случаи на Ковид-19 и 2.302.614 смртни случаи.

Најголем пад на бројот на нови случаи е потврден во Африка (22 проценти), Европа (19 проценти) и Северна и Јужна Америка (17 проценти). Смртноста е намалена за 30 проценти во Африка, 13 проценти во Европа и четири проценти во Северна и Латинска Америка.

Помеѓу 1 и 7 февруари, најголем број нови случаи се потврдени во САД, околу 871.000, следи Бразил со околу 328.000, Франција со 136.000 и Велика Британија со приближно 133.000.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир