Утрински Весник
Свет

СЗО: Бројот на заболени од коронавирус во светот зголемен за десет проценти

СЗО: Бројот на заболени од коронавирус во светот зголемен за десет проценти

СЗО во својот неделен извештај за епидемиолошката состојба во светот наведе дека бројот на заразени го достигнал својот врв на почетокот на јануари со речиси пет милиони случаи неделно, но во средината на февруари тој паднал на околу 2,5 милиони.

Бројот на заразени постојано расте во последните три недели, по неколкунеделен пад.

Според извештајот на СЗО, минатата недела бројот на заразени и починати во САД и Европа сочинува 80 проценти од вкупниот број на нови случаи.

Во Европа, бројот на новозаразени лица е поголем за шест проценти во споредба со претходната недела, додека смртните случаи постојано се намалуваат. Најголем број е забележан во Франција, Италија и Полска.

Како што расте бројот на заразени, повеќе од десетина земји, претежно во Европа, привремено ја прекинаа употребата на вакцината против Ковид-19 на „Астразенека“, поради извештаите за згрутчување на крвта.

СЗО и Европската агенција за лекови соопштија дека нема докази дека вакцината е поврзана со згрутчување на крвта и дека придобивките сè уште го надминуваат ризикот од несакани ефекти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Саудискиот принц престолонаследник: Израел сака да ги вовлече САД во конфликтот со Иран

Потрага по осомничен за двојно убиство во Минесота – награда од 50.000 долари

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана