Утрински Весник
Свет

СЗО: Богатите земји да не ја уништуваат „Ковакс“ програмата

СЗО: Се надеваме дека пандемијата ќе помине за две години

Шефот на СЗО обвини некои богати земји за поткопување на програмата „Ковакс“ за дистрибуција на антивирусната вакцина, наменета првенствено за сиромашните земји.

Како што изјави, овие земји го прават тоа со директно обраќање до производителите со цел да си обезбедат повеќе дози.

„Некои богати земји им приоѓаат на производителите за да обезбедат дополнителни дози на вакцини што влијае на договорите со Ковакс“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејес на заедничката видео конференција со германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер.

„Ковакс“ механизмот е воспоставен за да се избегне богатите земји да ги собираат сите вакцини што сè уште се произведуваат во премали количини за да можат да ја задоволат светската побарувачка.

Ковакс е механизам за финансирање што треба да им овозможи на 92 земји со низок и среден приход да имаат пристап до вакцини. Но, поради недостаток на вакцини, првите вакцинации во сиромашните земји треба да започнат на крајот на месецот, додека во многу богати земји, кампањите за вакцинација започнаа на крајот на 2020 година.

„Можеме да им доставиме вакцини на земјите преку „Ковакс“, само ако богатите земји соработуваат и ги почитуваат постигнатите договори“, рече шефот на СЗО.

Тој ги повика оние земји, чии имиња не ги кажа, да се осигураат дека нивното однесување нема да го наруши системот за дистрибуција на вакцините Ковакс, со кој управуваат СЗО и сојузот за вакцини Гави.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков