Утрински Весник
Магазин

Се чувствувам хаотично кога ги слушам: Мадона збунета од модерната поп музика

Мадона се чувствува збунето од модерната поп музика.

dobivaj vesti na viber

Поп-кралицата (64), една од најпродаваните уметници на сите времиња, смета дека музичката индустрија значително се променила од нејзиниот најславен период.

„Мислам дека она што најмногу се промени се само песните. Песните се сменија. Концептот на пишување песни,“ рече таа.

„Дај ми песна. Ми треба почеток, средина и крај. Знаеш што мислам? Ме збунува сегашнава музика. А исто така има премногу уметници. Се чувствувам хаотично кога ги слушам“.

Мадона, која беше глобална ѕвезда во 80-тите, отсекогаш вложувала напор во зајакнувањето на жените преку нејзината музика.

И поп иконата се чувствува горда на своите хитови и влијанието што тие го имаа врз поширокото општество.

Во интервју за списанието Paper таа вели: „Јас многу се вложив себеси во оснажување на жените и нивниот статус во музичката индустрија. Тоа беше многу голем дел од приказната.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста