Утрински Весник
Македонија

Се чистат одводните канали на магистралниот пат Скопје-Охрид пред влезот во Кичево

Се чистат одводните канали на магистралниот пат Скопје-Охрид пред влезот во Кичево

Кичево, 9 април 2020 (МИА) – На барање упатено до ЈП „Македонија пат“, од страна на две месни заедници Длапкин Дол и Трапчин Дол од Кичево, започна интензивното чистење на одводните канали покрај магистралниот пат Скопје-Охрид , во делот покрај горенаведените селски населби на влезот во Кичево и тоа на двете страни од патот.

Двете месни заедници бараат покрај чистењето на каналите на двете страни од патот ода започне и чистењето и тампонирањето на трасата покрај патот, бидеќи истата се користи и како пешачка патека за потребите на жителите од овие две кичевско села.

– Нашето барање мислиме сметамедека ќе биде прифатено како што се прифати и барањето за чистење на одводните канали. Ние сме на мислење дека барањето е адресирано до претпријатие што е надлежно за одржување на оваа магистрала, се вели во заедничкото отворено писмото адресирано до ЈП „Македонија пат“. рз/нд/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена, прашува СДСМ

Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

Нови обилни врнежи од дожд и од снег доаѓаат во западна Македонија