Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се чека одговор од ЕБОР за изградбата на заедничкиот железнички граничен премин со Србија

Се чека одговор од ЕБОР за изградбата на заедничкиот железнички граничен премин со Србија
Img 7972

Епидемијата со корона вирусот во нашата земја нема да влијае врз одложување или откажување на проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) на ЕУ веќе се обезбедени неповратни средства од 2,7 милиони евра, а преостанатите 2,5 милиони евра е предвидено да се обезбедат преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), информираат од Министерството за транспорт и врски.

– Целата тендерска документација за изградба на зградата и изборот на изведувач се завршени. До средината на оваа година, очекуваме консултантот да ја изработи и тендерската документација за изградба на пристапниот пат до зградата – посочуваат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски.

Тендерот за изградба на објектот ќе се распише откако и официјално ќе се заокружи финансиската конструкција на проектот. Македонија и Србија треба да добијат заеднички железнички граничен премин по позитивниот пример на вакви објекти што се веќе изградени во Бугарија и Романија како земји-членки на ЕУ. Во идниот објект кај Табановце на едно место македонските и српски полициски службеници, цариници и инспектори заеднички ќе ги вршат сите погранични контроли.

Очекувањата се дека заедничката гранична контрола ќе го намали времетраењето за патување со воз во патничкиот и во товарниот железнички сообраќај. Во моментов, заедничките гранични контроли кај овој транспорт не можат да се реализираат, бидејќи во Табановце и Прешево нема адекватен објект во кој би се сместиле граничните органи на двете земји.

Покрај за нив, во идниот објект во Табановце со површина од 2.500 метри квадратни ќе има простории за сместување на железничките работници на двете земји, како и лабораторија за ветеринарно и фитосанитарно испитување. Заедничката гранична контрола во железничкиот транспорт би почнала да се применува до 2023 година.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија: нема лекови, нема реагенси, нема апарати!

(Видео) Снег во Галичник – 24info.mk

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС