Утрински Весник
Свет

Се урна хеликопер над Алпите – пет лица загинаа

Американски воен хеликоптер се урна во Сирија

Едно лице е повредено и се бори за живот, додека петмина загинаа во несреќа што се случи вчера кога се урна хеликоптер над француските Алпи. Билансот од несреќата го објави францускиот претседател Емануел Макрон.

Хеликоптерот превезувал воздухопловна спасувачка екипа којашто била на обука, а се урнал од висина од 1.800 метри, тврдат локалните власти.

Еден од пилотите ја активирал функцијата на исфрлање со седиштето и успеал да ги информира властите за несреќата, пренесува Ројтерс.

Хеликоптерот имал уште еден пилот, двајца техничари и двајца спасувачи на планина. Властите испратија три хеликоптери кои не можеа да се приближат до местото на несреќата поради магла, а спасувачките служби, исто така, се обидоа да пристапат по копно, се вели во соопштението од покраината Савој.

Француската агенција за несреќи во воздушниот сообраќај објави дека започнала истрага и дека ќе го испрати својот тим на местото на несреќата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња