Утрински Весник
Македонија

Се урна стар објект во Куманово

Се урна стар објект во Куманово
Dik 300x250 mk

Куманово, 5 април 2020 (МИА)Ноќва се урна стар објект во центарот на Куманово, информираа денеска од секторот за урбанизам од општината. Објектот и претходно беше ограден со метална ограда  до тротоарот, а се урна за време на полицискиот час во Куманово, така што нема опасност од повреди за граѓаните.

Овластениот раководител на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска истакна дека постапката за отстранување на објектот, сопственост на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор е почната уште во минатата година во декември.

-Оградата беше поставена до тротоарот и беше обезбедена заштита.Во најкус можен рок ќе се отрстани градежниот шут, рече Сларидис Јаневска.

 Објектот е сопственост на државата со право на користење на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Во централното градско подрачје има над  20 склонопадни објекти, поголем процент сопственост на приватни лица. Вакви објекти датираат од поодамнешен период, имаат конструктивен систем кој не ги издржува современите стандарди за сеизмичка стабилност, направени од керпич, дрво, камен.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!