Утрински Весник
Свет

Се урна ирански борбен авион

Иранскиот борбен авион „ф14“ се урна денес во регионот Исфахан по техничка неисправност, јави официјалната новинска агенција ИРНА.

Пилотот и копилотот безбедно се катапултирале и се здобиле само со полесни повреди.

Иранскиот борбен авион утрово имал технички дефект при слетувањето во базата Шахид Бабаи во Исфахан, јавува Ројтерс.

Можете да прочитате

Нетанјаху до Иранците: Моментот на вистината се ближи

Во Техеран погодено нафтено складиште

Ирански министер до Трамп: Спремни сме на ескалација