Утрински Весник
Свет

Се урна американски воен авион, загинале двајцата пилоти

Се урна американски воен авион, загинале двајцата пилоти
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американската армија потврди дека двајца воени пилоти загинале во петокот кога се урнал авион за обука во близина на аеродромот во Алабама, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека воени службеници од воздухопловната база „Колумбос“ во американската сојузна држава Мисисипи потврдиле дека нивниот авион за обука Т-38 се урнал за време на обуката и дека двајцата пилоти во авионот загинале.

АП јавува дека авионот се урнал околу 17:30 часот по локално време во близина на аеродромот Монтгомери во сојузната држава Алабама, а имињата на настраданите пилоти нема да бидар објавени додека не бидат информирани нивните семејства.

Властите соопштија дека причината за несреќата сè уште не е позната и дека истрагата е во тек, пренесува агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавени проекции: Ако нема миграција, ЕУ би имала под 300 милиони жители во 2100 година

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични