Утрински Весник
Македонија

Се уриваат платформите на плажи во Охрид

Се уриваат платформите на плажи во Охрид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Десетина работници почнаа да уриваат на плажата „Куба либре“, која функционираше и како ноќен клуб.

Иако изминатите денови на паркингот во близина на плажата имаше два паркирани багера, сепак, тие засега не се употребуваат. На терен се урива само платформата на плажата која е поставена во езерото, а на неа до лани имаше лежалки и се одржуваа забави.

Од Општина Охрид нема информација дали и кога ќе се урива објектот на плажата, но и нелегалните градби на плажата „Кадмо“ и плажата „Бела виста“ која се наоѓа до неа.

Менаџерот на „Куба либре“ тврди дека сè  што е изградено на плажата е според проект одобрен од институциите, a Општина Охрид не ги известила сопствениците што треба да се урива на плажата.

Објектите на „Куба либре“, „Кадмо“ и „Бела виста“, пред три дена останаа без струја. ЕВН извести дека ја исклучиле по барање на Општината. Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиевски тврдат дека неселективно ќе ги урнат сите објекти што се нелегални и поставени спротивно планската документација.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен