Утрински Весник
Македонија

Се уредува зеленилото на кејот на Каменичка Река

Се уредува зеленилото на кејот на Каменичка Река

Македонска Каменица, 15 февруари 2020 (МИА) – Се чистат јавните површини и зеленило во близина на градскиот кеј на Каменичка река во Македонска Каменица. Од Јавното претпријатие „Камена Река” чии екипи ја спроведуваат акцијата известуваат дека паралелно се чисти и коритото на Каменичка река.
-Активностите за чистење на јавните површини и зеленилото во овој дел од градот, се одвиваат паралелно со редовното чистење на речното корито од атмосферски талог обраснат со нискостеблеста вегетација. Со ова, ЈП Камена Река овозможува олеснет и зголемен проток на вода во речното корито, информираат од претпријатието.
По овие активности, на овој потег од градот, како што додаваат ќе биде поставено ново осветлување.
-Овие активности се увертира пред планираните активности на општина Македонска Каменица за поставување на ново осветлување по целата должина од градскиот кеј на Каменичка Река. Сметаме дека на тој начин кејот ќе добие една заокружена целина и ќе придонесе за сосема нов лик на градот, додадоа од ЈП „Камена Река”.
Претходно екипи од претпријатието работеа на уредување на дрвјата во централното градско подрачје во Македонска Каменица. вс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка

123 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење