Утрински Весник
Македонија

Се уредуваат повеќе детски игралишта во Кратово

Се уредуваат повеќе детски игралишта во Кратово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крива Паланка, 9 мај 2020 (МИА) – Вкупно шест детски игралишта се уредени во руралните средини на Општина Кратово, а деновиве се работи на поставување реквизити и на останати локации во општината.

– Станува збор за проект што подолг временски период чека на реализација, а беа пролонгирани роковите поради високите суми на понудувачите на јавните повици со суми и двапати повисоки од предвидената. На мое огромно задоволство успеавме да добиеме добра понуда, за да се уредат што повеќе терени бидејќи детската среќа е бесценета. За уредуавње на детски терени и поставување реквизити одобрени се средства од околу 2,5 милиони денари со вклучен ДДВ од Бирото за регионален развој, изјави градоначалникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев.

Според критериумите опфатени се специфични подрачја, така што детските катчиња се уредени во селата Страцин, Шлегово, Трновац, Крилатица, Туралево и Коњух.

– Со оглед на тоа што со предвидената сума во проектот успеавме да набавиме солиден број реквизити, целта ми е и во останатите селски населби каде има повеќе дечиња, да инсталираме барем сегменти, додаде Бојаџиев. ид/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче

Ограничен број билети за македонската премиера на ,,Силјан”

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице