Утрински Весник
Македонија

Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година

Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година, одлучила Владата на денешната седница, објави министерот за образование Арбер Адеми на својот профил на Фејсбук.

Адеми посочува дека Владата на Република Северна Македонија на денешната седница усвои сет образовни мерки со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитно – образовниот систем.

– Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година, а тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома. Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни, а исто така се уредуваат и уписите на високообразовните установи, посочува Адеми.

Деталите за овие мерки, кои се дел од мерките за справување со Ковид-19, тој ќе ги соопшти на прес-конференцијата која што е во тек. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе