Утрински Весник
Македонија

Се удави момче од Косово – со другарите илегално влегле во земјава за да се капат во Караниколичко езеро

Се удави момче од Косово – со другарите илегално влегле во земјава за да се капат во Караниколичко езеро

20-годишно момче од Косово се удави во Караниколичко езеро. Како што информира полицијата вчера во 14,50 часот било пријавено во Полициската станица за Граничен надзор Попова Шапка дека на територијата на нашата земја Ф.А.(на возраст околу 20 години) од Косово заедно со уште неколку други лица од Косово илегално влегле во земјава за да се капат во „Караниколичко езеро“.

Притоа, според пријавеното, Ф.А. се удавил. Едно од лицата се вратило во Косово каде го пријавил настанот во полициска станица Драгаш, од каде потоа е известена ПСГН Попова Шапка.

Околу 09,00 часот увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител со хеликоптер пристигнале на местото на настанот и од водите на езерото било извадено телото на Ф.А. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. Останатите лица кои биле со починатиот биле приведени во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

Отворен телефонски број за донации за настраданите од пожарите

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево