Утрински Весник
Македонија

Се спроведува теренска вакцинација во старските домови

Се спроведува теренска вакцинација во старските домови

Процесот на имунизација на приоритетните групи ги вклучува и домовите за стари лица, кадешто вакцинацијата се спроведува на терен за сместените корисници и за здравствените работници во сите болници за геријатриска и палијативна медицина низ државата.

„Веќе неколку дена трае теренската вакцинација во болниците за геријатриска и палијативна медицина и домовите за згрижување стари лица во Скопје и Битола. Во двата дома ‘Сју Рајдер’ веќе е завршена вакцинацијата на 10 луѓе од 60 во Битола, 22 од 60 во Скопје и во центарот за сместување на стари лица Мајка Тереза 22 од 50 вкупно сместени корисници“, изјави министерот Филипче.

Во моментов е во тек вакцинацијата во Геронтолошкиот завод во Скопје “13 Ноември”, а системот на другите вакцинални пунктови низ државата продолжува и според планираното денеска се опфатени припадниците на Армијата и наставниците од прво до трето одделение.

“Сега во тек е вакцинацијата тука во болницата за геријатриска медицина. Огромен процент и од здравствените работници веќе се вакцинирани, близу 90 и тоа беше дел од стратегијата заради тоа што овие здравствени работници навистина треба да се заштитени, прво да бидат заштитени самите тие а второ да ги штитат и постарите сместени луѓе. Ги чекаме списоците од останатите центри за згрижување на постари лица од другите градови Куманово, Прилеп и Берово, а согласно динамиката таму ќе продолжи вакцинацијата сместените корисници“, кажа Филипче.

Можете да прочитате

Таксист нападнат во Центар, одбил да превезе повеќе лица од дозволеното

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон во рамки на стратешкиот дијалог со САД 

Илир Мета му се заблагодари на Александар Николоски за “ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него“