Утрински Весник
Македонија

Се реконструира првата спортска сала во Делчево

Се реконструира првата спортска сала во Делчево

Делчево, 5 мај 2020 (МИА) – По повеќе од две децении се реконструира спортската сала во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево. Инвестицијата е вредна 2,5 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на училиштето.
-Во тек е реконструкција на првата спортска сала во Делчево која наскоро ќе добие современ лик, а спортските работници и учениците ќе имат одлични услови за работа. Согласно со проектот се заменува стариот азбестен кров, а исто така се врши и замена на фасадната столарија, каде што старите метални прозори се заменија со термоизолирачки ПВЦ- прозори, информираа од училиштето.
Во рамки на проектот, како што додадоа, ќе се реконструира и теренот за одбојка.
-Во рамки на градежните активности е предвидено и поставување на повеќеслоен, еластичен ПВЦ-под, а ќе се реконструираат и патеките кај влезовите на објектот со поставување рампа за инвалидизирани лица по што на крајот ќе се асфалтира и теренот за одбојка, додадоа од училиштето.
Согласно предвидениот рок градежните активности треба да  завршат според предвидениот рок од 60 дена. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Попов: Фијаско на Филипче пред МОН

Сообраќајка во Охрид: Двајца тешко повредени

Филипче: Има пари во Буџетот за поголеми плати, поддршка за наставниците