Утрински Весник
Македонија

Се регулира коритото на реката Луда Мара кај Спомен паркот за 12 Ваташки младинци

Се регулира коритото на реката Луда Мара кај Спомен паркот за 12 Ваташки младинци

Кавадарци, 13 мај 2020 (МИА) – Општина Кавадарци,  преку донација, во соработка со неколку општествено одговорни фирми,  реализира проект за расчистување на дел од регулираното коритo на реката Луда Мара, кај спомен паркот „12 Ваташки младинци“.

-Ангажираната градежна механизација работи на расчистување на коритото од речен нанос и диво обрасната вегетација. Со овој проект се опфатени 900 метри од регулираното корито на реката,  каде има постојна шкарпа, како и повеќе каскади изградени во шеесеттите години од минатиот век, појаснуваат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Оттаму додаваат дека овој  зафат, има за цел расчистување и разубавување на тој дел од спомен паркот „12 Ваташки младинци“, а воедно е продолжение на активностите на општината од минатите две години, во делот на екологијата и хортикултурното уредување. свд/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден

ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола