Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се реализира проектот „Смарт езеро „Младост“

Се реализира проектот „Смарт езеро „Младост“
Img 7972

Велес  16 февруари 2020 (МИА) – Во тек се интензивни градежни работи на поголемиот дел од објектите кои се дел од проектот „Смарт езеро Младост“, прва иновативна туристичка атракција во земјава.

Како што информираат од Општина Велес, се работи на пешачка патека со 23 паркинг места и столбови за осветлување, на велосипедска патека во должина од 7,20 километри и поставување рекламен билборд  како пристапен пат до винаријата „Шато Сопот” која е во непосредна близина на езерото „Младост“.

Во рамки на проектот се  уредува  и  крајбрежниот појас на езерото во должина од околу 600 метри, а ќе се изработи и киоск за сувенири и ќе се постават шест клупи од рециклирани дрва.  Ќе се изгради и  посматрачница за птици, како и пристапен пат до „Еко кампот” во должина од 170 метри.

Според Општина Велес, поради големиот шумски пожар што ја зафати боровата шума над велешко езеро „Младост“ во август минатата година, како претходница на градежните активноси на „Еко кампот“ и „Паркот на авантури“ тие овие локации ги расчистиле од опожарените дрва.

Од Општината информираат и дека  во простории на поранешното кино во центарот на градот се уредува канцеларијата за Туристичко биро што, исто така е во рамки на овој проект. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник