Утрински Весник
Магазин

Се распаѓа култната рок-група „Прљаво казалиште“ по 45 години

Dik 300x250 mk

Хрватската рок-група „Прљаво казалиште“ се распаѓа по 45 години постоење, пишува „Јутарњи лист“. Главната причина за распадот се несогласувањата меѓу основачите, пејачот Јасенко Хоура и тапанарот Тихомир Филеш.

Наводно, тие не се во добри односи и веќе не разговараат, а хрватските медиуми пишуваат и дека се тужат меѓу себе. Проблемите настанале кога Хоура почнал да работи на самостојни проекти под името „Прљаво казалиште“, а Филеш наводно решил да ги забрани и го тужел.

Култната група настанала во 1977 година. Првично, тие настапувале како „Џифершлус“ и во тоа време во групата свиреле Даворин Боговиќ, Зоран Цветковиќ, Нинослав Храстек и Тихомир Филеш. Откако им се придружил Јасенко Хоура, го смениле името во „Прљаво казалиште“, а за името на групата се инспирирале од една епизода од стрипот „Алан Форд“. Во 1985 година, Младен Бодалец ѝ се придружил на групата и го зазел местото на Даворин Боговиќ и бендот функционира во истиот состав до денес.

Можете да прочитате

Мики Секуловски за инцидентот на Цеца: Можеби требаше порано да изреагирам, но не бев свесен дека се работи за знаме, кога видов веднаш го тргнав (ВИДЕО)

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април

Проблематични комбинации: Еве што не смеете да пиете со кафе