Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток , стотици мртви и ранети

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток , стотици мртви и ранети
300x250 opst2

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, додека пак од Газа веќе петти ден по ред и натаму се испалуваат ракети кон Израел. Има над стотина загинати и ранети, пренесуваат светските агенции.

Покрај воздушните и копнени сили се приклучија во нападите известуваат агенциите.

Пренесуваат дека имало силно гранатирање во Газа во кое учествувале израелски артилериски бродови, борбени авиони и хеликоптери. Повеќе од сто луѓе се убиени во Газа, а седум во Израел од почетокот на конфликтот во понеделникот.

Во меѓувреме, конфликтот се прошири на израелските улици, а претседателот Рувен Ривлин предупреди на „бесмислената граѓанска војна“. Министерот за одбрана Бени Ганц нареди масовно засилување на безбедносните сили за смирување на внатрешните немири во Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека „воената операција против палестинските милитанти во Газа ќе продолжи се додека е потребно“. Хамас ќе плати висока цена“, додаде тој.

Портпарол на Хамас му порача на Израел дека се подготвени да ги научат израелските војници на „груба лекција“ доколку копнениот напад продолжи.

Од понеделникот најмалку 103 Палестинци се убиени, од кои 27 деца, а над 580 лица се повредени, соопшти Министерството за здравство во Газа. Официјални лица соопштија дека во областа биле убиени многу цивили. Израел, пак, тврди дека повеќето убиени во Газа биле милитанти.

Можете да прочитате

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица