Утрински Весник
Економија

Се разговара за отворање на аеродромите, се уште е рано за одлука, вели Сугарески

Подготовки за отворање на аеродромите, промени на дестинациите и фреквенциите на летови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Битола, 9 јуни 2020 (МИА) – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека се уште е рано да се донесе одлука за отворање на аеродормите.

-На оваа тема се разговара, но се уште е рано да се донесе одлука, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на пелагонискиот регион.

Сугарески повтори дека ТАВ, концесионерот на аеродромите во Скопје и во Охрид, информирале дека од моментот кога ќе се донесе одлука за отворање на аеродормите за да ги стават во функција ќе им требаат седум дена.

Со одлука на Владата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, од 15 март на полноќ е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18 март на полноќ и Меѓународниот аеродорм Скопје.мт/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите во ЕСМ

Левица: Додека граѓаните плаќаат најскапа струја власта се правда дека покачувањето е „минимално” 

СДСМ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради криминалните тендери на ДПМНЕ