Утрински Весник
Македонија

Се работи на нивелација и расчистување на одводниот канал долж автопатот Тетово-Скопје

Се работи на нивелација и расчистување на одводниот канал долж автопатот Тетово-Скопје

Тетово, 13 април 2020 (МИА) – Вработените во тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта Македонијапат деновиве започнаа со расчистување на каналот долж автопатот Тетово-Скопје што служи за одводнување на водена маса која што се појавува на колозовните ленти. Освен од автопатната делница овој одводен канал служи да се отстрани водата и од регионалниот пат 1206 Тетово-Групчин, односно стариот пат кон Скопје.

-Од петокот почнавме со расчистување на каналот долг пет километри од Тетово до Желино. Претходно имаше и направено геодетски елаборат за да се види каде треба да се прави и нивелација за да може да се слева водата од коловозната лента кон каналот. Воедно, се работи на отстранување на вегетација, отпадоци, земја и се што има за да функционира одвојувањето. Работите ќе се извршат во зависност од временските услови, изјави Дејан Јовановски од тетовската секција на ЈП Македонијапат.

Во изминатиот период беше завршена постапката за менување на жичената ограда на релација Желино-Тетово на автопатот во должина од три километри и 500 метри. Менување на оштетената жичена ограда долж автопатот кон Гостивар ќе се одвива постепено и етапно, каде освен на оштетените места на две локации има потреба од интервенција поради крадење на дел од оградата. ас/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола