Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се проширува гасоводната мрежа во Струмица за нови седум километри

Се проширува гасоводната мрежа во Струмица за нови седум километри
Img 7972

Струмица, 1 јуни 2020 (МИА) – Во Струмица почна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа за нови седум километри со кредит во износ од околу 26 милиони денари.

– Целта на проширувањето на гасоводната мрежа е да се опфатат што поголем број корисници на природниот гас. Проширувањето на мрежата ќе се одвива во шест проекти во четири урбани единици и поврзување на гасоводната мрежа на селото Дабиле, информира директорот на ЈП „Струмица гас“, Благој Милановиќ.

Миллановиќ истакна дека со изградбата на новите седум километри вкупната должина на гасоводната мрежа ќе изнесува над 41 километри, а наскоро се очекува да заврши гасифицирањето на струмичката болница.

– Сите процедури и тендери околу гасификацијата на болницата се завршени. Останува само да се обезбедат дополнителни средства, бидејќи планираните нема да се доволни. Министерството за здравство се заложи да ги обезбеди средствата, но поради пандемијата тоа е одложено и очекуваме по завршувањето на истата тие да бидат исплатени, додаде директорот Милановиќ.

Според условите за користење на кредитот предвиден е тригодишен грејс период, а рокот на отплата е 13 години.

Според струмичкиот градоначалникот Коста Јаневски се работи за многу добри услови, а овој кредит е еден од најповолните кој досега го користи Општина Струмица. рт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ