Утрински Весник
Македонија

Се продолжува притворот за тетовец кој пијан истепал полицајци на Голема Богородица

Тетовското основно јавно обвинителство поднесе предлог за продолжување на мерката притвор против тетовец, за сторено кривично дело – „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 28 август, во комплексот на манастирот Св. Богородица и Св. Атанасиј во село Лешок, осомничениот нападнал службени лица кои вршеле работи од јавна безбедност при што им нанел повреди.

Нападот следел откако по настаната тепачка меѓу посетители на манастирот, меѓу кои бил и осомничениот, полицајците интервенирале со раздвојување на учесниците во тепачката и нивно приведување.

Во тој момент осомничениот се дал во бегство, а по него тргнале полициските службеници. Откако го стигнале, осомничениот видно под дејство на алкохол, продолжил да го нарушува јавниот ред и мир.

Тој давал активен отпор при обидот на полицијата да го тргне од местото на настанот за да ја стават ситуацијата под контрола, при што ги навредувал, се заканувал, ги удирал и им нанел телесни повреди.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал