Утрински Весник
Македонија

Се продолжува периодот на престој на странци

Се продолжува периодот на престој на странци

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Донесена е нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба. Наведениот пропис претставува дополнување на Уредбата со законска сила донесена на 20.03.2020 година и со неа се продолжува периодот на престој на странци на кои за време на вонредната состојба, им истекол краткорочен престој или виза за краткорочен престој.

Од МВР информираат дека периодот на престој се продолжува, како за времетраење на вонредната состојба, така и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година.

– Исто така, се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредна состојба. И во овој случај, важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година. Уредбата ви е достапна во прилог на соопштението, стои во денешното соопштение од МВР.

Имајќи предвид дека во наредните месеци се очекува постепено нормализирање на состојбите, отварање на граничните премини и враќање во функција на сите видови патнички сообраќај, од МВР им укажуваат на странците да го следат развојот на ситуацијата и доколку се создадат условите за патување во овој период, да пристапат кон постапки за регулирање престој, согласно одредбите од Законот за странци. цр/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме