Виница, 13 април 2020 (МИА) – Општина Виница ги интензивира градежните актовности за пробивање и тампонирање на патот до месноста Добрава во атарот на селото Пеклани, со што продолжува реализацијата на програмата за изградба и унапредување на сообраќајната инфраструктура на локално ниво.
За овој патен правец се обезбедени 1,3 милиони денари преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и со кофинансирање од општинскиот буџет.
– И покрај вонредната ситуација која го отежна одвивањето на сите тековни активности, па и на инфраструктурните зафати во општината, сепак дел од проектите кои имаат лимитиран рок за реализација тековно се привршуваат. Со пробивањето на патот од Пеклани до локалитетот Вишнарник ќе им го олесниме пристапот на жителите до полските површини за да можат непречено да ги извршуваат сите неопходни земјоделски активности, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.
По пробивањето на патот, планирано е коловозот да се тампонира, а изведувачот „Коп инженеринг“ според склучениот договор има обврска да ги комплетира градежните работи во рок од четири месеци. та/хс/