Утрински Весник
Македонија

Се претставил како сопственик на градежна фирма и измамил штипјанка за 90.000 денари

Штипската полиција поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од с.Стајковци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи во фалсификување исправи“, соопшти МВР.

Имено во периодот од август до ноември 2021 година, пријавениот измамил жена од Штип за сума од 90.000 денари.

Тој се претставил дека е сопственик и управител на градежна фирма од Скопје, која во тоа време била избришана од трговскиот регистар, и со неа се договорил да ѝ изврши градежни работи на нејзината куќа. Р.С. земал аванс од 90.000 денари, но не ја завршил договорената работа.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР