Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Се преговара со меѓународни институции за учество во фондот за туризам што ќе биде креиран за поддршка на овој сектор којшто е меѓу најпогодените со здравствено економската криза од вирусот Ковид-19. За фондот за туризам веќе се одвоени 95 милиони денари.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека со формирањето на фондот сакаат да излезат во пресрет на погодените сектори од кризата, но и да им овомозжат на граѓаните кога ќе заврши панедемијата да користат одмори во државава во претстојната сезона.
Остануваме на зброт дека како Министерство за економија и како Влада ќе креираме фонд за туризмот, во нашата програма во овој фонд за туризам веќе се предвидени 95 милиони денари дополнителни. Направена е реалокација на средствата од мерките што биле прдвидени согласно буџетот и програмите во Министерството за економија. Но, истовремено како Министерство и како економски тим веќе разговараме и со меѓународни институции коишто ќе учествуваат во фондот за туризам, секако да им излеземе во пресрет на погодените индустрии, но истовремено да им овозможиме на граѓаните кога ќе биде завршена пандемијата и тие да имаат можност да користат одмори. Зошто да не да почнат да користат одмори во нашата држава и сега во оваа сезона што следи, ирече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.лв/са/