Утрински Весник
Свет

Се појави таен извештај на американските разузнавачки служби за состојбата во Вухан 2019, отвора многу прашања велат експертите

Се појави таен извештај на американските разузнавачки служби за состојбата во Вухан 2019, отвора многу прашања велат експертите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во извештајот на американската разузнавачка служба се наведува дека неколку истражувачи од кинескиот институт за вирусологија во Вухан се разболеле во ноември 2019 година.

Во извештајот се наведува и дека овие лица биле хоспитализирани, а новите детали за интензитетот на симптомите што ги покажале може да создадат нова дискусија за потеклото на пандемијата на коронавирусот, потенцираат два анонимни извори запознаени со овој документ.

Во извештајот на Стејт Департментот составен за време на администрацијата на Доналд Трамп и објавен во јануари се вели дека кинеските истражувачи се разболеле есента 2019 година, но не се тврди дека биле хоспитализирани, пренесуваат светските агенции.

Во извештајот што официјален Пекинг го достави до Светската здравствена организација, кинеската влада тврди дека првиот пациент со симптоми на Ковид-19 беше откриен на 8 декември 2019 година во Вухан.

Сепак, американската разузнавачка служба нема веродостојни податоци, зошто се хоспитализирани кинеските истражувачи. „На крајот, дефинитивно со сигиурност ништо не може да се заклучи“, велат американските разузнавачки извори.

Тие потсетуваат дека, Светската здравствена организација испрати тим експерти во Вухан да го испитаат потеклото на коронавирусот, како и една од теориите дека вирусот потекнува од една од најмодерните лаборатории во светот – Институтот за вирусологија во Вухан.

Тимот, сепак, не донесе конечен заклучок за тоа.

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони