Американскиот претседател Доналд Трамп отворено рекол дека сакал да ја минимизира заканата од Ковид-19, истовремено признавајќи дека коронавирусот е опасен, покажува новата книга на новинарот Боб Вудворд.
Осум недели пред претседателските избори објавувањето на делови од оваа книга, која ја уреди истакнатиот новинар кој ја обелодени аферата „Вотергејт“, предизвика остра реакција од страна на демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден, кој предупреди дека станува збор за „предавство“ на американскиот народ.
Trump tells Woodward he played down the threat of the coronavirus.
“I wanted to always play it down. I still like playing it down because I don’t want to create a panic.”He also tells Woodward that “plenty of young people” are vulnerable — different from his public message pic.twitter.com/fJZUZtJTIv
— Manu Raju (@mkraju) September 9, 2020
Во аудиоснимка објавена од Си-ен-ен уште во март, Трамп признава дека е свесен дека не умираат само постарите луѓе од коронавирусот, туку дека умираат и млади луѓе и дека се појавија нови зачудувачки факти.
„Отсекогаш сакав да го минимизирам тоа“, рекол американскиот претседател во телефонски разговор со Боб Вудвард на 19 март, објавено во книгата „Лутина“. „И сега сакам да го минимизирам, бидејќи не сакам да паничам“, додава тој.
Неколку недели претходно, на 7 февруари, тој му рекол на истиот новинар дека Ковид-19 е „смртоносна работа“.
Поради неговото управување со пандемијата, во која досега починаа повеќе од 189.000 луѓе во САД, Доналд Трамп стана цел на остри критики од неговите противници, но и од научниците и некои републикански пратеници.
Тој е обвинет за испраќање контрадикторни и нејасни пораки, но и дека не покажува сочувство за последиците предизвикани од вирусот. Во серија анкети огромното мнозинство Американци остро ги осудија неговите постапки на тоа поле.
Книгата, која треба да биде објавена на 15 септември, се базира на 18 интервјуа со Боб Вудвард, помеѓу декември 2019 година и јули 2020 година, снимени со согласност на Доналд Трамп.