Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се почесто се вдомуваат кучиња скитници во Пехчево

Се почесто се вдомуваат кучиња скитници во Пехчево
300x250 opst2

Пехчево, 22 јуни 2020 (МИА) – Во Пехчево се почесто се вдомуваат кучиња скитници. Иницијативата се реализира благодарение на Здружението за заштита на животните „Проанима” од Берово, кои информираа дека нивни активисти секојдневно се на терен, со цел интересот за ваквата иницијатива да биде што поголем од страна на граѓаните.
– Во последната акција двајца наши активистки од Пехчево дислоцираа седум кученца на сигурна локација и заедно со хуман граѓанин се грижеа и се грижат за нив секојдневно. Иако едно од кучињата беше отруено, веќе три од нив се вдомени, а преостанатите три кучиња нестрпливо го очекуваат својот нов дом, велат од „Проанима”.
Од беровското здружение ја најавија и потребната помош од ветеринар за вдомените кучиња и оние кои допрва ќе бидат вдомени.
– Нека проклетата улица во Пехчево каде ги пронајдовме биде само едно лошо и заборавено минато за нив. Ние во иднина ќе помогнеме со вакцини и стерилизација, односно кастрација кога ќе биде потребно, посочуваат од беровското здружение.
Во меѓувреме, со цел обезбедување храна и основна ветеринарна грижа од Здружението апелираа до сите оние кои се во можност, да донираат на посебно објавените броеви и жиро-сметка на официјалната страна на здружението.
Од таму порачуваат граѓаните да не купувааат, туку да вдомат свој миленик, со што, како што велат, всушност спасуваат живот. вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново – Бунец во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

РУСКИ ЛАДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Снег ќе има и во градовите!

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети