Утрински Весник
Македонија

Се поставува нова урбана опрема во Општина Аеродром

Се поставува нова урбана опрема во Општина Аеродром

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Општина Аеродром деновиве почна да ги заменува старите клупи за седење со нови, кои имаат современ дизајн. Се врши замена и на старите канти за отпадоци кои се попрактични.

Како што соопшти Општината, поставувањето на новата опрема деновиве ќе се одвива на три локации во Ново Лисиче, и тоа во паркот „Нирнберг“, на булевар „Видое Смилевски Бато“ кај зградите 39, 41 и 43, како и на игралиштето „Печурка“ во близина на детската улица „Тоше Проески“.

– Активностите за уредување на јавните површини ќе продолжат и во наредниот период и на други локации на целата територија на Општината, со цел подигнување на нивото на хигиената, како и обезбедување почист и поквалитетен живот за граѓаните, се вели во соопштението. мс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕДРМ организира сесија на Националната конвенција за ЕУ посветена на борба со корупцијата

Божиновска на Балканскиот Енергетски Самит во Атина

Палевски денеска на вкрстено испрашување за убиствата на Вања и Панче