Утрински Весник
Македонија

Се подобрува инфраструктурата во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“

Се подобрува инфраструктурата во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ се прави уште една лента за подобар пристап кон Ургентниот центар и нова улица зад Клиниката за инфективни болести со цел да се подобри пристапот кон оваа установа.

– Во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“, интензивно се работи на подобрување на инфраструктурата – се прави уште една лента на главниот влез на Клинички центар за возила за Итната медицинска помош за влез кон Ургентниот центар на хируршките клиники, како и нова улица зад Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со цел подобрување на пристапот кон оваа Клиника, напиша вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил. бак/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички