Утрински Весник
Спорт

Се подготвува чистка во Рома

Се подготвува чистка во Рома

Новиот сопственик на Рома, Дан Фридкин и генералниот директор Тијаго Пинто, по завршувањето на сезоната, планираат целосна реконструкција на тимот. „Газета дело Спорт“, пишува дека клубот ќе ги отпушти сите играчи се постари од 30 години. Исклучок ќе бидат Крис Смолинг и Хенрик Мхитаријан.

За оние кои нема место во тимот се Федерико Фацио, Давиде Сантон и Хавиер Пасторе, додека клубот нема намера да ги продолжи договорите со Антонио Миранте, Жуан Жесус и Бруно Перез.

„Газета дело Спорт“, пишува дека изненадување е што клубот ќе може да го напушти и Педро, кој зад себе има добра сезона.

Исто така, од Рим ќе замине и капитенот Един Џеко, кој од јануари не е во добри односи со Паоло Фонсека.

> Се подготвува чистка во Рома <

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот