Утрински Весник
Македонија

Се подготвува теренската вакцинација – сите оние што немале можност да се вакцинираат, ќе може да го сторат тоа на самото место

Се подготвува теренската вакцинација – сите оние што немале можност да се вакцинираат, ќе може да го сторат тоа на самото место
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

До петок здравствените домови, каде што досега се вршеше вакцинација, ќе треба да изготват план за теренска вакцинација – со комбе ќе се оди во селата и во руралните средини, а граѓаните, кои досега не биле во можност да се вакцинираат против Ковид-19, ќе може да примат вакцина на самото место.

Претходно, жителите на руралните средини ќе бидат информирани кој ден и на кое место ќе се врши вакцинацијата.

Во „Борис Трајковски“ и во другите спортски сали, најверојатно, од наредната недела ќе се врши само ревакцинација на граѓаните.

Вакцинацијата, освен на терен, ќе се одвива и на постојните пунктови, каде што и досега можеа да се вакцинираат граѓаните. Тие ќе може да примат вакцина и без закажан термин, односно ќе треба само да се појават на најблискиот пункт.

При теренската вакцинација, најверојатно, ќе се аплицира кинеската вакцина на „Синовак“. На пунктовите за вакцинација, пак, на располагање, освен онаа на „Синовак“, се и вакцините на „Фајзер“ и на „Астра зенека“, а се очекува да пристигне и руската „спутник В“.

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“