Утрински Весник
Свет

Се повеќе бебиња заразени со Ковид-19 во Белград

Се повеќе бебиња заразени со Ковид-19 во Белград

Се повеќе бебиња има во белградските болници коишто се заразени со коорнавирус. 21 дете е сместено на педијатрија во СВЦ „Драгиша Мишовиќ“ поради Ковид – 19. Ова го изјави за ТВ Прва управителката на болницата за детски белодробни заболувања, Оливера Остојиќ.

Остојиќ вели дека има сè повеќе бебиња на детското одделение кои се лекуваат од Ковид-19. Според неа, најмладите пациенти имаат поблаги симптоми на болеста во споредба со постарите, но на оние што се отпуштени од болницата не им се препорачува да бидат физички активни повеќе од три до шест месеци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кинескиот народен конгрес усвои петгодишен план со фокус на клучните технологии

Унгарија и ги врати запленетите оклопни возила на Украина, но ги задржа парите и златото додека трае истрагата

Лариџани му порача на Трамп: „Војната не се добива со неколку твитови“