Утрински Весник
Свет

Се очекува тензичен разговор меѓу Бајден и Џинпинг за Русија и Путин

Се очекува тензичен разговор меѓу Бајден и Џинпинг за Русија и Путин
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе разговара со својот кинески колега за повеќе прашања, вклучувајќи ја и војната во Украина, соопшти Белата куќа.

Телефонскиот разговор е закажан за 9 часот по источно време (14 часот по средноевропско време), а Вашингтон веќе им се закани на пониските кинески владини претставници, приватно и јавно, дека поголема поддршка за Русија значи ризик од изолација на Пекинг.

Пекинг одби да го осуди својот близок сојузник Русија за инвазијата на Украина, истовремено обвинувајќи ги САД и проширувањето на НАТО на исток за ескалација на тензиите.

„Двајцата лидери ќе разговараат за управувањето со конкуренцијата меѓу нашите две земји, како и за војната на Русија против Украина и за други прашања од заеднички интерес“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Кина е под силен дипломатски притисок од Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници да го „повлече својот спас“ од изолираната Русија. Но, три недели по инвазијата на Украина, Пекинг покажа малку знаци дека ги напушта своите пријатели во Кремљ.

Можете да прочитате

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз

Индонезиската полиција откри сомнителен прав при истрагата на експлозиите во џамија во Џакарта

Комбе со австриски и шпански новинари нападнато со дрон во источна Украина